Во Северна Кореја тврдат дека имаат 0% невработеност. Во Европската Унија просекот за ЕУ 10.2%. Во САД невработеноста е 7,5%.
Погледнете кои се 10-те земји со највисока стапка на невработеност во светот:
10. Непал-46%
Економијата страда поради политичката нестабилност во државата.
Од 18ти век земјата е управувана од кралеви. Во 2008 година тие ја напуштат монархијата. Многу од младите заминаа во странство, за да бараат работа.
9. Сенегал – 48%
Во земјата има огромна разлика меѓу богатите и сиромашните. Државата е зависна од странска помош. Јапонија, Франција и Кина имаат обезбедено многу средства за неа преку кредити и донации.
8. Намибија – 51.2%
Економијата е силно зависна од рударската индустрија и земјоделството. При работната сила има силна дискриминација против трудници и инфицирани со вирусот на СИДА.
7. Џибути – 59%
Има стратешка поставеност во Црвеното Море. Економијата е силно зависна од секторот на услугите.
6. Таџикистан – 60%
По распадот на Советскиот Сојуз тука започна граѓанска војна.
Денес тоа е најсиромашната од поранешните советски републики во регионот на централна Азија. Страда од лошо економско управување, лоши реформи и корупција.
5. Мозамбик – 60%
88% од земјиштето во државата сеуште не се одгледува.
4. Зимбабве – 70%
Откако земјата стана независна во 1980 таа се управува од еден човек – Роберт Мугабе. Лошото управување, корупцијата и војната во соседната Демократска Република Конго се причините за лошата економија.
3. Туркменистан – 70%
Државата е на 4-то место по наоѓалишта на природен гас во светот. Природниот гас е единствената нејзина стока, а тој се извезува преку руски компании.
2. Вануату – 78.21%
Економијата на земјата најмногу се потпира на земјоделството. Свежата вода е дефицитарна во многу области. Шумите се сечат и земјата е загрозена да остане без шуми. Се намалуваат и ресурсите на риба, бидејќи населението се храни главно од риболов.
Лошата инфраструктура и лошото управување ги одвраќаат странските инвеститори.
1. Науру – 90%
Некогаш државата имаше највисокиот приход по глава на жител. Таа е силно зависна од извозот на фосфати за производство на вештачки ѓубрива, но по исцрпувањето, економијата нагло се стеснува.
Денес само 1/10 од населението има работа. Државата е силно зависна од Австралија, која е нејзин главен трговски партнер.