Зголемен бројот на работниците во индустријата


Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2018 година, во однос на октомври 2017 година, изнесува 104.0.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2018 година, во однос на октомври 2017 година, бележи пораст од 1.9 %, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 4.4 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 2.4 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во октомври 2018 година, во однос на октомври 2017 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4.7 %, Капитални производи за 20.3 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 2.1 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 3.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.1 %.

Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – октомври 2018 година, во однос на периодот јануари – октомври 2017 година, изнесува 106.5.



Видете следно

Од денеска до 3 ноември, во МСУ ИЗЛОЖБА НА 17 ИДЕЈНИ РЕШЕНИЈА ЗА УРЕДУВАЊЕ НА КАЛЕ

Градоначалникот Шилегов денеска присуствуваше на отворањето на изложбата „Уметничка тврдина: Меѓународен конкурс за изработка на …