Зголемен индексот на бројот на работниците во индустријата


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во декември 2018 година, во однос на декември 2017 година, изнесува 102.5.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2018 година, во однос на декември 2017 година, бележи пораст од 2.9 %, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 2.6 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0.6 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во декември 2018 година, во однос на декември 2017 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3.0 %, Капитални производи за 16.5 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 0.8 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 3.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.3 %.

Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари − декември 2018 година, во однос на периодот јануари − декември 2017 година, изнесува 105.9.


Видете следно

Eкономската состојба на деловните субјекти во второто тримесечје од 2019 година е понеповолна во однос на претходното тримесечје

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во трговијата на мало во …