Зголемен индексот на индустриското производство


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во јули 2019 година, во однос на јули 2018 година, изнесува 105.8.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2019 година, во однос на јули 2018 година, бележи пораст од 15.7 %, во секторот Преработувачка индустрија е на исто ниво, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација бележи пораст од 51.8 %.

Според главните индустриски групи, производството во јули 2019 година, во однос на јули 2018 година, бележи пораст кај Енергија за 53.9 %, Капитални производи за 12.5 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 16.9.%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3.7 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.2 %.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – јули 2019 година, во однос на периодот јануари – јули 2018 година, изнесува 104.9.



Видете следно

Од денеска до 3 ноември, во МСУ ИЗЛОЖБА НА 17 ИДЕЈНИ РЕШЕНИЈА ЗА УРЕДУВАЊЕ НА КАЛЕ

Градоначалникот Шилегов денеска присуствуваше на отворањето на изложбата „Уметничка тврдина: Меѓународен конкурс за изработка на …