Зголемен индексот на индустриското производство


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во декември 2018 година, во однос на декември 2017 година, изнесува 107.9.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2018 година, во однос на декември 2017 година, бележи пораст од 4.6 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 6.1 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 20.0 %.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел.

Според главните индустриски групи, производството во декември 2018 година, во однос на декември 2017 година, бележи пораст кај Енергија за 23.9 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 4.6 %, Капитални производи за 2.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 10.5 %, додека опаѓање бележи кај Трајни производи за широка потрошувачка за 10.6 %.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари − декември 2018 година, во однос на периодот јануари − декември 2017 година, изнесува 105.4.


Видете следно

ССК: Јакнење на економската дипломатија со квалитетни кадровски решенија

Владеење на правото и борба против корупцијата, зајакнување на економската дипломатија, демонстрирање проактивно лидерство, како …