Зголемен индексот на прометот во индустријата на домашниот и странските пазари


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во ноември 2018 година, во однос на ноември 2017 година, изнесува 115.1.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во ноември 2018 година, во однос на ноември 2017 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 10.8 %, Капитални производи за 27.5.%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 3.2 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.8.%.

Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во ноември 2018 година, во однос на октомври 2018 година, изнесува 98.4, додека во периодот јануари – ноември 2018 година, во однос на периодот јануари – ноември 2017 година, изнесува 113.0.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во ноември 2018 година, во однос на ноември 2017 година, изнесува 104.2.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во ноември 2018 година, во однос на ноември 2017 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5.4 %, Капитални производи за 21.8 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 0.9 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.7 %.

Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во ноември 2018 година, во однос на октомври 2018 година, изнесува 98.5, додека во периодот јануари – ноември 2018 година, во однос на периодот јануари – ноември 2017 година, изнесува 102.1.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во ноември 2018 година, во однос на ноември 2017 година, изнесува 118.8.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во ноември 2018 година, во однос на ноември 2017 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 12.6 %, Капитални производи за 27.9 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 3.9 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.9 %.

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во ноември 2018 година, во однос на октомври 2018 година, изнесува 99.0, додека во периодот јануари – ноември 2018 година, во однос на периодот јануари – ноември 2017 година, изнесува 116.1.



Видете следно

Ангеловска-Бежоска за Гласот на Америка: Македонската економија не е директно изложена на ризиците од глобалните трговски тензии

„Македонската економија не е директно изложена на ризиците од глобалните трговски тензии. Нашата трговија и со …