Зголемен индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во април 2019 година, во однос на април 2018 година, изнесува 117.3.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во април 2019 година, во однос на април 2018 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 9.4 %, Капитални производи за 31.1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7.3 %, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 3.2 %.

Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во април 2019 година, во однос на март 2019 година, изнесува 95.9, додека во периодот јануари-април 2019 година, во однос на периодот јануари-април 2018 година, изнесува 113.3.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во април 2019 година, во однос на април 2018 година, изнесува 105.3.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во април 2019 година, во однос на април 2018 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1.8 %, Капитални производи за 47.7 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 2.6 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.2 %.

Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во април 2019 година, во однос на март 2019 година, изнесува 103.7, додека во периодот јануари-април 2019 година, во однос на периодот јануари-април 2018 година, изнесува 101.5.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во април 2019 година, во однос на април 2018 година, изнесува 122.1.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во април 2019 година, во однос на април 2018 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 12.7 %, Капитални производи за 31.3 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 10.6 %, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 11.5 %.

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во април 2019 година, во однос на март 2019 година, изнесува 94.0, додека во периодот јануари-април 2019 година, во однос на периодот јануари-април 2018 година, изнесува 117.2.


Видете следно

Севкупно валоризирање на професионалниот статус на полициските службеници останува висок приоритет за МВР

„Полициската професија, без оглед за кој нејзин сегмент станува збор, е специфична и пред сè, …