Зголемен индексот на прометот во индустријата на странските пазари во однос на лани


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во декември 2018 година, во однос на декември 2017 година, изнесува 106.1.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во декември 2018 година, во однос на декември 2017 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3.3 % и Капитални производи за 19.1.%, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 8.7 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.9 %.

Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во декември 2018 година, во однос на ноември 2018 година, изнесува 83.1, додека во периодот јануари – декември 2018 година, во однос на периодот јануари – декември 2017 година, изнесува 112.5.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во декември 2018 година, во однос на декември 2017 година, изнесува 94.8.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во декември 2018 година, во однос на декември 2017 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0.4 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 38.5 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 0.1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.9 %.

Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во декември 2018 година, во однос на ноември 2018 година, изнесува 97.7, додека во периодот јануари – декември 2018 година, во однос на периодот јануари – декември 2017 година, изнесува 101.4.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во декември 2018 година, во однос на декември 2017 година, изнесува 110.9.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во декември 2018 година, во однос на декември 2017 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2.9 %, Капитални производи за 21.9 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 5.8 %, додека опаѓање бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.6 %.

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во декември 2018 година, во однос на ноември 2018 година, изнесува 78.4, додека во периодот јануари – декември 2018 година, во однос на периодот јануари – декември 2017 година, изнесува 115.7.


Видете следно

Заев и Ангеловска за Извештајот на ММФ: Коментарите не се негативни, напротив позитивно ја охрабруваат Владата да продолжи со реформите

Државата има максимална флексибилност, секогаш можеме да направиме ребаланс, да интервенираме со средства, ликвидноста на …