Зголемен индикаторот на доверба во преработувачката индустрија


Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во август 2019 година е зголемен за 0.2 процентни поени во однос на јули 2019 година и изнесува 21.4, а во однос на август 2018 година е зголемен за 1.1 процентни поени.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во август 2019, во однос на јули 2019 година, е понеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени во однос на јули 2019 година.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во август 2019 година е поповолна во однос на претходниот месец, а поповолна и во однос на август 2018 година. Се очекува бројот на вработените незначително да се намали.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во август 2019 година изнесува 69.8 % од нормалното искористување.

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот на квалификувана работна сила со 23.1 %, недоволната странска побарувачка со 18.8 %, недоволната домашна побарувачка со 15.3 % и неизвесното економско опкружување со 12.6 %.

 


Видете следно

Мицкоски: Нудиме 1.000 решенија за 1.000 проблеми, а јас би сакал и 10.000 да понудиме

Ние нудиме 1.000 решенија за 1.000 проблеми, а јас би сакал и 10.000 да понудиме. …