Зголемен вкупниот број деца во установите за згрижување и воспитание на деца − детски градинки/центри за ран детски развој


Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2019 година (состојба на 30 септември), вкупниот број деца во установите за згрижување и воспитание на деца − детски градинки/центри за ран детски развој изнесува 38 094, што претставува зголемување за 1.3 % во однос на 2018 година.

Со годишните извештаи во 2019 и 2018 година, и во двете години се опфатени по 103 установи за згрижување и воспитание на деца.

Овие установи им обезбедуваат здравствена заштита, исхрана и дневен престој на децата, во согласност со нивните развојни потреби, на возраст до 6 години, во повеќе групи (групи на деца во развоен период до 2 години, групи на деца во развоен период од 2 години до тргнување на училиште, комбинирани групи, групи на деца со пречки во развојот, групи на деца во центар за ран детски развој во состав на детска градинка, групи за пилот-програми, групи за вонинституционална форма на активност) и други групи (за престој и исхрана).


Видете следно

Општина Кисела Вода продолжува да работи во насока на справување со вирусот „Ковид – 19.

Денеска согласно владините мерки Општината објави Јавен повик за online работа за достава на неопходни …