Зголемена просечната нето плата на 24 590 денари


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2019 година, во однос на март 2018 година, изнесува 103.8. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита (11.4 %), Земјоделство, шумарство и рибарство (8.2 %) и Транспорт и складирање (7.8 %). Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (9.5 %), Информации и комуникации (8.5 %) и Рударство и вадење на камен (6.0 %). Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2019, изнесува 24 590 денари.


Видете следно

Костадиновска-Стојчевска: „Отворен Балкан” е можност три држави да споделат искуства на полето на културата

Министри за култура, претставници од агенции задолжени за филм, младински културни центри, големи државни и …