Зголемената побарувачка за патувања ги „крена” приходите и ја намали загубата на „Јунајтед ерлајнс”


Американската авиокомпанија „Јунајтед ерлајнс” денеска го објави својот редовен квартален извештај во кој наведува дека вториот квартал го завршила со помала загуба и четирикратно зголемување на приходите, благодарение на обновената побарувачка за патувања по укинувањето на ограничувачките мерки заради пандемијата со коронавирусот.

Во периодот од април до јуни, прилагодените оперативни приходи на „Јунајтед ерлајнс” скокнаа на 5,47 милијарди долари. Иако се четири пати поголеми отколку во истиот период минатата година, сепак, приходите на компанијата за двојно помали отколку пред пандемијата во 2019 година.


Прилагодената нето загуба е речиси преполовена, на 1,26 милијарди долари или 9,31 американски долари по акција. Компанијата бележи загуби од почетокот на минатата година, кога владите го ограничија патувањето за да го спречат ширењето на коронавирусот.

Кога ќе се исклучат промените на девизниот курс и еднократните ставки, загубата од април до јуни изнесува 434 милиони долари.

Деловните и патувањата до далечни дестинации се зголемија побрзо отколку што се очекуваше во вториот квартал, соопшти „Јунајтед ерлајнс”, најавувајќи натамошно зголемување на капацитетот во тековниот квартал.

Тие предвидуваат дека периодот од јули до септември ќе заврши со профит и поголем приход по седиште отколку во истиот период пред пандемијата 2019 година.

Побарувачката за патување треба целосно да се опорави до 2023 година, проценуваат тие. сд/

Вашингтон, 21 јули 2021 (МИА)


Видете следно

Топлотниот бран ризик и за земјоделството, агрометеоролозите препорачуваат наводнување

Високите температури кои деновиве надминуваат 40 степени, предизвикаа поизразено губење на почвената влага. Агрометеоролозите препорачуваат …