Зголемени бројот на туристите и ноќевањата во Македонија


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во април 2018 година изнесува 82 635, а бројот на ноќевањата изнесува 164 183.

Бројот на туристите во април 2018 година, во однос на април 2017 година, е зголемен за 21.4 %, а бројот на ноќевањата е зголемен за 17.2 %.

Бројот на домашните туристи во април 2018 година, во однос на април 2017 година, е зголемен за 12.3 %, а бројот на странските туристи е зголемен за 25.5 %.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во април 2018 година, во однос на април 2017 година, е зголемен за 6.1 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 24.5 %.

Во периодот јануари – април 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 18.7 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 10.8 %, а кај странските има зголемување за 23.0.%.

Во периодот јануари – април 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 17.5 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 10.3 %, а кај странските има зголемување за 22.5.%.


Видете следно

АНАЛИЗА: Голем Буџет, големи амбиции – детали за капиталните расходи !

За патна и железничка инфраструктура догодина планирано е да се потрошат 84,5 милиони евра.  За технолошко …