Зголемени и цените на угостителските услуги во однос на лани


Индекс на цените на угостителските услуги, декември 2018 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во декември 2018 година, во споредба со ноември 2018 година, остана на исто ниво. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Алкохолни пијалаци за 0.1 %.

Индексот на цените на угостителските услуги во декември 2018 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 2.9 %.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – декември 2018 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 2.3 %, додека во однос на декември 2017 година е зголемен за 1.9 %.


Видете следно

Грижата за животната средина, обврска за секој од нас

Граѓаните, трговците, индустријата и општините со своите јавни комунални претпријатија, како и колективните постапувачи се …