Зголемени цените на угостителските услуги


Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – јули 2022 година е зголемен за 8,9 отсто во однос на истиот период лани, додека во однос на декември 2021-ва бележи раст од 7,2 процента.

Според Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во јули 2022 година е зголемен за 4,2 отсто во однос на претходниот месец. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 6,4 проценти и Ноќевања за 0,2 отсто.


Индексот на цените на угостителските услуги во јули 2022 година во однос на истиот месец лани е зголемен за 15,9 отсто. мч/сп/

Скопје, 5 август 2022 (МИА)



Видете следно

Потпишување на договор за новата инвестиција „e.GO” во ТИРЗ – Тетово

Во Технолошко-индустриската развојна зона (ТИРЗ) Тетово денеска ќе биде потпишан договорот за новата германска инвестиција …