Жена паднала од трактор и со задното тркало се прегазила


На 15.08.2018 година во 09.30 часот на локалниот пат с.Требеништа-с.Ливоишта, Р.Ј.(67) од с.Требеништа, со живеалиште во САД, управувајќи трактор „ИМТ“, изгубила контрола над тракторот и тој почнал да се движи наназад.

Во тој момент сопатничката В.М. (62) од с.Требеништа, со живеалиште во Австралија, паднала од тракторот и со задното тркало тракторот поминал преку неа.

Во незгодата, В.М.се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во болницата „Св.Еразмо“, но поради сериозноста на повредите била префрлена во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.



Видете следно

Еве што порача Али Ахмети по лидерската средба

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети по лидерската средба на иницијатива на претседателот Стево Пендаровски изјави …