Зиадин Села: Игрите на среќа ќе бидат дозволени само во хотели со 5 ѕвезди


По повод собирот на коалицијата Алијансата за Албанците и Алтернатива, со жителите на селото Пирок, претседателот на Алијансата за Албанците Зиадин Села истакна дека доколку Алијансата за Албанците и Алтернатива победат на парламентарните избори во 2020 година, игрите на среќа ќе бидат дозволени само во хотели со 5 ѕвезди, затоа што Хотелите со 5 ѕвезди гарантираат дека нема да бидат близу до населбите, не секој може да пристапи до нив, а со тоа задоволително ќе се запре овој девијантен феномен.

Позицијата на Алијансата за Албанците во врска со законот за игри на среќа, неколку пати јавно е искажано и истото е веќе вклучено во коалициската програма Алијанса за Албанците и Алтернатива „Држава за сите”.

Понатаму, Зијадин Села истакна дека оваа коалиција која, доколку е дел од владата, ќе го промени законот за игри на среќа, слично како и моделот на Албанија и Косово, затоа што оваа девијантна појава во нашето општество, принудува илјадници млади албанци да заминат од државата, барајќи го решението во европските земји како Германија и други земји. Тековната состојба со казината е план што го надополнува мозаикот дека еден ден ни се раскажува за приказни за заедничко општество за сите, но државата да се резервира само за нив. Немаме време да изгубиме “


Видете следно

Љупчо Николовски ми стана брат откако ја спаси сестра ми и нашата цела фамилија!

„На 14 февруари пред две години и се јавив на мајка ми да и честитам …