Зибери: Струга ќе стане уште попривлечен туристички град


Кандидатот на ДУИ за премиер Насер Зибери и носителот на листата на кандидати за пратеници на оваа партија во ИЕ 5, Талат Џaфери, вчера ги посетија Струга, Дологожда, Ливада, Велешта, Лабуништа и Радолишта.

За време на посетата во Струга, Зибери се сретна со граѓаните на ова општина каде разговараше за потребите и идеите на жителите од овој регион на кои им ги претстави своите ставови и планови за првите 100 дена.

– Струга е туристички центар кој има голем потенцијал за развој на туризмот, каде се реализирани многу проекти, се реализираат и ќе продолжи да се реализира со цел Струга да стане попривлечен центар за странски посетители и да се подигнат стандардите на живот, рече Зибери.

Во разговорот со граѓаните на Струга, Зибери ја истакна важноста на ова патување, откривајќи им ја идејата на првиот албански премиер, кој претставува силен симбол за еднаквост, мултиетничност и современа демократија, исто така и идејата за подобар живот за сите. Поради оваа причина очекуваме поддршка не само од албанските граѓани, туку и поддршка од Македонците и другите етнички заедници.

Скопје, 7 јули 2020 (МИА)


Видете следно

Кордалов за МИА за темата образование: Дигитализацијата е од интерес на секого

Образовните институции имаа доволно време да дејствуваат и да преземат конкретни мерки и чекори кои …