ЗЛАТНА РАМКА И КРЕАТИВНА ЕВРОПА МЕДИА ОДБЛИСКУ СО ПРОДУЦЕНТИТЕ


Покрај проектите и идеите за филмовите, едно од најбитните прашања е нивното финансирање. Едно од најголемите поддршки доаѓа од програмата на Креативна Европа Медиа, кој имаат актуелен повик – „Развој на проект“.

Креативна Европа МЕДИА Деск МК во рамките на „Златна рамка 2020“ на 15-ти февруари (сабота) во 11.30 часот во МКЦ ќе организира Отворена презентација. За време на презентацијата предвидена е и средба со Маша Марковиќ – експерт за евалуација на проектите аплицирани на повикот за „Развој на проект“ на програмата Креативна Европа МЕДИА. Целта на оваа презентација е македонските филмски професионалци да се запознаат со процесот на евалуација и начинот на оценување за овој повик за кој има најголем интерес во Македонија.
Презентацијата е отворена за јавност.


Видете следно

Мерката за субвенционирање придонеси ја користат 22 илјади компании

Заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за економски прашања, Мила Царовска, …