Златото се насочи кон прво месечно поевтинување за 2014 година


Златото се насочи кон првото месечно поевтинување оваа година, пренесува ” Блумберг “.

Благородните метали за непосредна испорака достигнаа цена од 1 297,30 долари за унца во 8:53 часот по локално време во Сингапур. На 28 март златото падна до најниската вредност од 12 февруари наваму – 1 285,82 долари за унца.

Во овој месец, сепак цените се со 2,2 % пониски. Ова главно се должи на позитивните податоци за економијата на САД, кои даваат основа на ФЕД да продолжи со намалувањето на стапката на откуп на државни обврзници. Досега централната банка ја ограничи т.н. програма за ” квантитативни олеснувања ” со по 10 милијарди долари на секоја од средбите.

Златото за испорака во јуни поскапе за 0,2 % до 1 297,20 долари за унца на берзата Comex во Њујорк.

Среброто додаде 0,3 % на својата вредност, достигнувајќи 19,8935 долари за унца. Платината поскапе за 0,6 % до 1 417,63 долари за унца.


Видете следно

Човек во центарот на Скопје нападна Кинези: Коронавирус, мрш од тука!

На социјалните мрежи се појави видео на кое се слуша како еден човек вербално напаѓа …