Златото тргна нагоре


Златото се тргува близу до највисоките вредности веќе 3 недели на позадината на податоците на Федералните резерви на САД, кој ја ревидираше прогнозата за економскиот раст на земјата и изјави дека каматите ќе останат ниски. Ова доведе до зголемување на побарувачката на злато како алтернатива на инвестиции, пренесе „Блумберг”.

Благородните метали за непосредна испорака се тргуваа за 1 277,57 долари за унца при 1 277,71 долари вчера кога цените имаа 2-дневен тренд на опаѓање. Фјучерси со испорака во август се зголеми за 0,4% до 1 277,80 долари за унца на берзата во Њујорк.

Среброто за итна испорака поевтине за 0,1% до 19,8704 долари, откако претходно се покачи до 19,956 долари – највисоко ниво од 14 мај наваму.

Платината додаде 0,3% на својата вредност и се тргуваше за 1 455,25 долари за унца. Паладиумот поскапе за 0,3% до 828,38 долари.



Видете следно

Димковски: Со прецизни податоци за земјоделски стопанства до ефикасна реализација на мерките за развој на земјоделството

Денеска заврши имплементацијата на Твининг Проектот „Финализирање на мрежата на сметководствени податоци од земјоделски стопанства“, …