Зоолошка со кампања „Креирај и донирај“- Проект за разубавување на Скопје Зоо, како и живеалиштата на животните


Зоо Скопје започнува со кампања за разубавување на зоолошката, како и збогатување на реквизитите за животните (enrichment). Секој кој е креативен, сака животни, или пак поседува нешто кое може да го подари е добредојден да помогне. Графитџии кои би ги разубавеле ѕидовите, уметници кои би ги развеселиле патеките, скулптори кои би ни направиле статуетки животни, креативци кои би изработиле играчки и реквизити за животните, општествено одговорни компании кои би донирале алат или други средства за одржување на зоолошката, одгледувачи кои би подариле цвеќе и дрвца, хуманитарци на кои веќе не им се потребни старите транспортери и кафези за мали животни… Сите сте добредојдени!
Ајде заедно да ја разубавиме Зоолошка градина Скопје. Затоа што е наша, заедничка на сите!

Кампањата ќе трае до 30 март, а секој кој ќе придонесе за новиот имиџ на Зоолошка ќе добие табличка со своето име на ѕидот на пријателите и помагачи на Зоо Скопје.

Доколку ви се потребни креативни идеи за изработка на enrichment, има илјадници на Pinterest.

Доколку сакате да креирате и донирате, јавете се на 070/688-014

Споделете ја оваа објава, можеби и некој ваш пријател ќе сака да се вклучи во кампањата.


Видете следно

Со Нивеа во дистрибутивното портфолио, Атлантик Група има шест од десетте најдобри регионални брендови

Beiersdorf нов партнер на Атлантик Група во Македонија  Во средината на март, Атлантик група потпиша …