Зошто да јадеме мусли за појадок?


Како што знаеме појадокот е најзначајниот оброк во денот. Кога внесуваме храна наутро добиваме повеќе бенефити: подобрена концентрација, енергија, подобрена когнитивна функција како и намален ризик од срцеви болести.  Но она што е многу важно е каква храна внесуваме наутро како би се постигнал баланс и правилно ослободување на енергијата добиена од оброците. Одговорот е мусли!

Што представуваат муслите?

Муслите се балансирана мешавиноа од целозрнести житни снегулки, сирови јатки, сирови семиња и овошки, и во исто време оброк  исполнет со растителни влакна, протеини и сложени јагленихидрати. Всушност токму она што ни е потребно за почеток на денот, производ кој за момент се претвора во вкусен појадок потопен со млеко или јогурт.

Зашеќерените пекарски производи од локална пекара и брзата храна знаат да не доведат до искушение во моментите на глад, а при тоа да добиеме комбинација од прости шеќери, палмина маст и нискоквалитетни состојки. Муслите се вистинскиот избор и  одлична замена за овој појадок, даваат чувство на ситост и до 3-4 часа, а во исто време се и вкусен појадок кој нуди ниско ниво на калории и малку шеќери.

  • Муслите изобилуваат со растителни влакна и целозрнести житарици

Иако во сите комбинации на мусли, количината на растителни влакна не е еднаква, полна чинија мусли е асоцијација за здрав дигестивен систем. Растителните влакна и целозрнестите житарки се грижат за благосостојба и пријатно чувство на стомакот.

Видете следно

Градоначалникот Георгиевски се сретна со италијанскиот амбасадор во  Р. Македонија, Карло Ромео

Градоначалникот на Бази Баба, Борис Георгиевски, денеска се сретна со амбасадорот на Италија во Македонија, …