M2081S-1028

Зошто е потребно Вашата компанија да има убав и уреден двор ?


Уредените дворови придонесува до поголема продуктивност и подобар имиџ во јавноста.
Како да создадете подобар имиџ на својата компанија и да привлечете нови клиенти?!
Постојат повеќе фактори и еден од нив е просторот пред компанијата.
Средениот двор продуцира и привлекува добри енергии.

За една компанија, убаво уредениот двор е најдобра промоција пред клиентите и посетителите. Тоа покажува карактер, грижа за изгледот на потесната околина, изразена еколошката димензија на доброто корпоративно управување….
Со навидум една слика, дело (креација) компанијата кажува милион зборови.

Секоја компанија која сака да обезбеди раст на својот бизнис, треба да инвестира во уредување на своето дворно место, влезови, тераси и канцеларии.
Партерното зеленило на деловниот објект е еден вид хоризонтална фасада на објектот. Неговата складна синтеза со архитектурата на објектот и просторот првенствено рефлектираат моќна слика, која што на прв поглед го привлекува вниманието. Пејзажно убаво уредените партери се помнат, остануваат во меморијата на луѓето и секојпат подолго го задржуваат нивното внимание. Дополнително природниот амбиент предизвикува пријатни чувства кај посетителите кои директно ги поистоветуваат со имиџот на компанијата.

Инвестицијата не секогаш значи дека треба да биде голема, доволна е рационална идеја за да се добие посакуваниот ефект. Тоа е мала инвестиција во споредба со ефектите во блиска иднина.
А за тоа секако треба да се соработува со пејзажни ескперти, кои ги знаат тајните на правилното уредување на зелените површини!

Професионалниот тим на Фоја пријател на Вашите градини веќе 15 год.

 


Видете следно

До сега произведени и донирани вкупно 6500 визири

До вечерта на 7.април се произведени и дистрибуирани 6500 заштитни маски со визири финансиски поддржани …