Зошто и од каде не треба да купувате бугарско свинско месо ?!


3,7 милиони лева ќе добие државата за борба против африканската свинска чума. Ова беше одлучено на вчерашната редовна владина средба. Во почетокот на владината седница министерот за земјоделство Десислава Танева изјави дека се преземени потребните мерки за справување со отворените вчера нови 6 жаришта на заразата во Плевенско: “Во шесте села има пунктови за дезинфекција. Единствениот метод за справување со ова болест е практично физичкото уништување на вирусоносителите.

Три нови жаришта на африканска свинска чума има во реонот на Русе и романскиот град Гиургиу. Вчера во плевенското село Брест беа евтаназирани 200 свињи поради позитивни резултати за африканска чума. Исто така ќе има и вонреден состанок на Епизоотичката комисија. Во вчерашниот ден се опишани и ажурирани листи на жителите кои одгледуваат свињи во село Брест, рече гувернерот Мирослав Петров: “Во моментов податоците се околу 200 свињи.

Поради новите огништа, ќе почне информативна кампања што да се прави. Ќе бидат поделени билтени со детални информации за болеста, практика на други држави и што треба да прават луѓето.


Видете следно

„Моја бесмртна љубов“ – нова концертна сезона на Филхармонија

Новата концертна сезона (2019-2020) на Филхармонија е насловена „Моја бесмртна љубов“. И оваа концертна сезона …