Зошто вработените ја напуштаат работата?


Се испостави дека парите не се главната причина поради која вработените ја напуштаат својата работа. Или барем така тврдат 1000 испитаници во последното истражување на оваа тема.

Проблем број 1 според вработените е недостатокот на можности за развој, што по некое време е досадно за најдобрите вработени во секоја компанија.

Работата надвор од формалните 8 часа дневно, поради што за семејството останува помалку време е втората наведена главна причина за напуштање.

Едвај на трето место доаѓаат парите, или поинаку кажано не е сè е во парите. Да, дел од вработените имаат тенденција на компромис, но само имаат можност за идно напредување или зголемувања на платата по одреден временски период.

На прашањето што ги грижи најчесто вработените, испитаниците одговориле дека тоа е кога газдите не веруваат во нив.

Потоа следат очекувањата дека треба да се достапни надвор од работното време или во викендите, како и проблеми со своите колеги.

Обвинувањата од страна на раководството, како и недостатокот на можност за флексибилно работно време, исто така e загрижувачки за дел од вработените. Загриженоста пак е поврзана најчесто со недостатокот на организација, како и слабата заинтересираност од страна на газдите.

 



Видете следно

Зошто е потребно Вашата компанија да има убав и уреден двор ?

Уредените дворови придонесува до поголема продуктивност и подобар имиџ во јавноста. Како да создадете подобар …