Зошто вработените на Apple никогаш не сакале да вечераат со Стив Џобс


Основачот на Apple, Стив Џобс ќе биде запаметен по неверојатно високите стандарди во однос на дизајнот на производи и развој на компанијата како целина, пишува Business Insider.

Дејвид Блакај работи во Apple во текот на 12 години пред да ја формира сопствената фирма. Во друштво на Џобс тој извршувал различни функции на високо ниво. Блакај вели дека самиот тој не разговарал многу со Џобс, но бил околу него доволно често за да види како влијае на останатите вработени.

„Никој не сакаше да седнува до него ни во кафетеријата за ручек. Едноставно мораше однапред да се подготвиш за таков момент”, раскажува Блакај.

Една од првите работи кои се учат во Apple, е да одговараш на прашањето „Над што работиш?”. Блакај раскажува дека Џобс редовно ги прашувал тоа вработените. Еднаш се возел со приправник, кој му одговорил дека цел ден работел на подобрување на квалитетот на производот.

„Зошто си одиш тогаш? Вракај се да работиш уште”, изјавил основачот на компанијата. Приправникот се стаписал, а Стив му одговорил: „Добро, де, само се шегувам.”

„Тој само сакаше да види како ќе реагираат луѓето. Беше нешто како демонстрирање на моќ. Затоа никој не сакаше да биде блиску до него. Зашто знаеше дека треба да се претстави добро во моментот”, се сеќава уште Блакај.

 


Видете следно

Претседателот на Стопанска комора на Македонија и претседателот на Одборот на директори на “Македонија 2025“ Вера Ставроф, потпишаа Меморандум за соработка

Претседателот на Стопанска комора на Македонија Бранко Азески и претседателот на Одборот на директори на …