ЗПК Пелагонија од субвенции инкасираше двојно повеќе од лани!


Добивката на ЗПК Пелагонија во2012 во однос на истиот период од минатата година е намалена за 58.59%. Имено во 2012 година за 9-те месеци најголемиот земјоделски комбинат во Македонија оствари добивка од 147.193 илјади денари, додека во 2011 година   за истиот период имаше добивка од 269.373 илјади денари.

Намалувањето на добивката на овој комбинат се регистрира и покрај зголемувањето на приходите од продажба за 7.12% во првите девет месеци од оваа година во однос на истиот период од минатат година, за кој период се регистрирани и зголемување на останатите оперативни приходи за 22.80%.

Во однос на другите категории, регистрирано е драстично намалување на залихите за готови производи кој во 2012 година изнесуваат 45.268 илјади денари, додека за истиот период од менатата година нивната вредност била 170.071 илјада денари што всушност преставува и намалување од 73.38%.Ваквите вредносни промени во залихите според објаснувањето од менаџментот на ЗПК Пелагонија се должи пред се на фактот што во полјоделството во различно време почнува и завршува жетвата на есенските и пролетните култури, односно различен е степенот на довршеноста на производството во периодот опфатен со финансиските извештаи.

Позначајни промени се регистирани во делот на оперативните приходи и тоа во делот на субвенции и премии кои во 2012 година изнесуваат 49.453 илјади денари во однос на оние од 2011 кои изнесуваа 28.033 денари. ЗПК од неодамна е дел од групацијата контролирана од бизнисменот Орце Камчев, кој преку ЗПК оствари значајно учество и во акционерската структура на Стопанска банка – Битола.


Видете следно

Немањето побарувачка има најголемо влијание врз ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност

Според оценката на раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото, индикаторот на доверба во …